Заедно со граѓаните ќе победиме на 5-ти мај и ќе ги донесеме промените во Република Македонија

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жителите на населбата Сењак во Штип.

Пред присутните граѓани Мицкоски истакна благодарност за поддршката за кандидатот за претседател Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова и побара уште помасовна поддршка и запечатување на победата на Сиљановска Давкова во вториот круг на 5 мај.

Мицкоски посочи дека граѓаните на Република Македонија во вториот круг на претседателските избори 5 мај одлучуваат за сопствената иднина но и за иднината на државата во кој правец ќе се движи.

Претседателот Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со народот бидејќи народот е тој кој што ги носи промените во државата.

Тој потенцираше дека со победа на Сиљановска Давкова ќе се отвори можноста и за предремени парламентарни избори како и за тоа конечно Македонија да ја види како силна и стабилна држава.

Заедно со народот ние стигнавме на првиот мегниг. Тој прв мегниг беше онаа голема победа  во 47 општини во Република Македонија на 21 април. Браќа и сестри, добри луѓе нашиот втор мегниг е 5 мај сега во недела кога треба да покажеме и докажеме дека не само во 47 општини, туку ВМРО-ДПМНЕ заедно со новиот претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова  можеме да победиме во цела Македонија. Третиот мегниг ќе биде победата на предвремените парламентарните избори кога ќе ја формираме новата влада во Република Македонија. А четвртиот и за мене последен мегниг ќе  биде тогаш кога ќе се разбудам едно утро и кога заедно со народот ќе кажеме сонот за Македонија онаа нашата цел која што си ја зацртавме кога започнавме да се бориме стане јаве, вели Мицкоски.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...