Победата на професорката Сиљановска Давкова ќе ги донесе правдата и промените во Република Македонија

Интегрален текст од изјава за медиуми на Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денеска сме во Прилеп каде што најпрво имаме штанд со промотивен материјал со кој што ги запознаваме граѓаните овде ширум Прилеп за платформата и програмата на проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова за овие претседателски избори, овој штанд го имаме со Унијата на млади сили подоцна со сениорската структура на Општинскиот комитет на Прилеп продолжуваме со посети низ населените места во Прилеп каде што одблиску остваруваме средби со граѓаните и нормално ја пренесуваме пораката која што ние како политичка партија ја испраќаме за овие претседателски избори.

Се поевидентно е пристапувањето на граѓаните не само овде во Прилеп туку и ширум Република Македонија до нас. Граѓаните кои што ни ја дадоа поддршката во првиот круг на претседателските избори но и оние кои што е колебаа и можеби не излегоа во првиот круг. Но, исто така добиваме поддршка и ни приоѓаат граѓани кои што на изминатите изборни циклуси гласот го дале за СДСМ, но и сите тие како и останатите граѓани во Република Македонија се видно вознемирени и разочарани од штетните и погубни политики од страна на Зоран Заев и неговата влада кои што се водат изминатиот период во Република Македонија.

Во Република Македонија изминатиот период практично имаме уништено здравство, имаме колапс буквално во секоја сфера од општественото владеење, имаме пораст на криминалот, имаме колапс во земјоделието, и да не набројувам понатаму, значи граѓаните се видно револтирани и видно разочарани од ова што се случува, имаме тргување и продавање со националните интереси и сметаме дека со заокружување на професорката Сиљановска како победник на овие претседателски избори практично истата Гордана Сиљановска Давкова ќе биде предвесник за промените и правдата која што ќе следи во Република Македонија.

Овие претседателски избори треба како никогаш досега да се поддржани од сите граѓани на Република Македонија, затоа што истите ќе бидат предвесник за новите предвремени парламентарни избори кои што де факто по состојбата на терен и расположението кај граѓаните е се поевидентно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги добие, ќе ја формира новата влада и нов премиер во Република Македонија ќе биде господинот Христијан Мицкоски.

Само на тој начин Македонија ќе се ослободи од злото кое што се вика Зоран Заев. Злото во Република Македонија има име и презиме тоа е Зоран Заев и она што практично беше пракса во минатото да се случува  во Струмица, онаа афера која што целата македонска јавност ја знае поврзана со евро за црквата и евро за Вицето, сега стана пракса во Република Македонија.

Време е да ги донесеме промените во Република Македонија и време е да го сопреме лудилото кое што моментално владее во Република Македонија.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...