Арсовски: Поради губењето на поддршката кај граѓаните, Заев и Пендаровски прибегнаа кон полнење на кутии за претседателските избори

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Стево Пендаровски и Зоран Заев ја изгубија поддршката кај граѓаните, затоа прибегнаа и посегнаа кон полнење кутии кое што е против законско дејствие казниво согласно Кривичниот Законик на Република Македонија.

Според извештајот на ДИК во гласачкото место 0816 во населеното место Зајас, во општина Кичево во периодот од 15 до 17 часот гласале вкупно 297 лица, односно три пати повеќе од бројот на лица кои гласале до 15 часот.

Според ваквите податоци, произлегува дека за два часа успеале да гласаат 297 избирачи или во просек на секои 24 секунди гласал по еден гласач што физички е невозможно имајќи ја предвид процедурата за гласање на секои избори.

Почитувани,

Дополнително по завршувањето на гласањето е утврдено дека во посебниот извод од избирачкиот список за избирачко место се потпишани 412 лица, оодносно 4 помалку отколку што имало ливчиња во гласачката кутија.

Кривичното дело е сторено со тоа што е дозволено од страна на избирачкиот одбор непознати лица да гласаат за други лица без да бидат проверени притоа со УВ ламба што е стандардна процедура, пронајдени во избирачки список и без да се потпишат во Избирачкиот список што исто така е стандардна процедура при секое гласање. Избирачкиот одбор е директно виновен за стореното кривично дело и за овозможување на истото кривично дело.

Отворено се сомневаме дека членовите на избирачкиот одбор не го сториле кривичното дело самоиницијативно туку по нечија наредба и очекуваме јавниот обвинител да се охрабри, да открие, да излезе и да каже пред граѓаните, пред јавноста кој им наредил на избирачкиот одбор да го сторат кривичното дело и нормално да преземе мерки против нарачателот на изборниот криминал кој што се случи во првиот круг од претседателските избори.

Очевидно е дека во гласачкото место 0816 е извршено полнење на кутии со гласачки ливчиња. Ова нелегално дејствие не смее да остане неказнето. Никој не смее да се осмели да ја повреди изборната волја на граѓаните. Изборната волја е волја само на граѓаните и на никој друг.

ВМРО-ДПМНЕ во насока на заштита на правото на глас на граѓаните ќе поднесе кривична пријава до Јавно Обвинителство, против сите членови на избирачкиот одбор, тоа се десет лица. И во моментот се поднесува во Јавното обвинителство во Кичево.

За сторено кривично дело од чл. 159 ст. 2 и чл. 161 од Кривичен Законик. Очекуваме Јавното Обвинителство веднаш да постапи по однос на кривичната пријава, земајќи го во предвид фактот дека вториот круг на гласање е во недела, а во насока на превенирање на повторно полнење на кутии во овие избирачки места или други избирачки места.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до сите кои прават незаконски дејствија дека нема да останат неказнети. Секое кривично дело кое е против гласањето и попречување на волјата на граѓаните ќе биде процесуирано со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и откако ќе се врати демократијата и правната држава.

Случајот во Зајас е најдобар показател за сомненијата за полнење кутии за време на референдумот за кој што исто така поднесовме кривична пријава но од тогаш навака помина половина година и уште нема никаква постапка против оние кои повикуваа на поткуп и кој го осмислија и реализираа сценариото „брзи прсти“. После случајот во Зајас очекуваме да бидат процесуирани нарачателите и извршителите на гласањата за референдумот кога на повеќе избирачки места беа рушени рекорди и се гласаше на секои 4,5 или 10 секунди.

Дали Јавното Обвинителство ќе постапи или не овие предмети верувајте не застаруваат ниту за извршителите, ниту за нарачателите на ова кривично дело кои што исто така мора да се открие. И ќе бидат отворени кога правдата ќе се врати во Република Македонија.

Граѓаните веќе одлучија. Идниот претседател ќе биде професорката и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова, а за секој обид да се  узурпира нивната волја ќе следува кривична одговорност.

Прашање: Вчера во Берлин, на самитот во Берлин, претседателот на Франција, Макрон изјави дека Париз е подготвен да им помага на земјите од Западен Балкан во врска со реформите во правосудството и економијата, но не верува дека треба да има проширување на Европската Унија. како вие го коментирате ова имајќи предвид дека медиумите го викаат како „ладен туш“?

Одговор: Видете навистина ми е жал бидејќи Зоран Заев и оваа Влада која што во моментов владее со Република Македонија тргна во погрешна насока со реформите кои што требаше да бидат отворање на патот кон евроатланските интеграции. За жал видовме дека сето она што претходно го најавувавме дека Зоран Заев и целата онаа криминогена и криминална влада која што е фатена жива во криминал во Република Македонија предводена од СДСМ и од Зоран Заев не може да ги отвори евроатланските процеси. Како што видовме не е доволно само промената на Уставот односно Преспанскиот договор, потребни се суштински реформи во Република Македонија. Наспроти суштински реформи во Република Македонија видовме еден тон, еден куп лаги, лаги искажани од Зоран Заев, Радмила Шекеринска од целата влада и видовме дека оваа влада не е способна да ги изврши тие суштински реформи. Оваа влада единствено е посветена само на криминал, само на местење тендери и единствено за работа за личен интерес и за полнење на своите џебови, и доделување на тендери на сопствените фирми, дали на функционери од оваа влада или на нивните роднини. Така да потребна е што побрзо промена на оваа власт за да можат да се извршат суштински реформи. И она што го говориме цело време дека правниот систем во Република Македонија е заробен од канџите на Зоран Заев и власта на СДСМ ова се потврдува бидејќи воопшто ништо не е направено. Така да потребна е промена на власта, граѓаните веќе тоа го одлучија на 21 април по првиот круг на претседателските избори и што побрзо се сучи таа промена на власт толку побрзо ќе можат да се случат и сите суштински реформи во државата кои што ќе го отворат нашиот пат кон евроатланските процеси.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...