Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски оствари средба со францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние

Соопштение до јавноста

 Денеска, 25.04.2019 година, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски, заедно со членот на Извршниот Комитет Игор Николов оствари средба со францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние.

Соговорниците разговараа за  изборниот процес во Република Македонија и за претстојниот втор круг на гласање. Мицкоски го информираше својот соговорник за сите притисоци и заплашувања во процесот на кампања од страна на власта, злоупотребите на институциите и состојбите со полициски службеници кои активно земаат учество на партиски митинзи.

Изборниот ден беше оценет како мирен, а беше изразена надеж дека истото ќе биде и со вториот круг на гласање.

Мицкоски посочи дека врвен приоритет се демократските избори, кои се клуч за напредокот на земјата. Дополнително беше кажано дека на Република Македонија итно и е потребно департизација на администрацијата, деполитизација на судството и забрзан  економски раст.

ВМРО-ДПМНЕ останува силен мотор за зачленување на државата во ЕУ, што е стратешка определба  на ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...
<