Мицкоски: Со акламација во мафијашки стил го одбраа Стево да им биде кандидат, додека Гордана ја избра нашето членство и ја поддржаа граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во централниот дневник на Канал 5 каде што посочи дека Гордана Силјановска Давкова е избрана од членовите на партијата и граѓаните ја поддржаа, додека Стево беше избран на мафијашки стил кој е препознатлив за СДСМ.

-ВМРО-ДПМНЕ и идниот претседател Гордана Силјановска Давкова имаат договор со граѓаните на Република Македонија. И граѓаните на Македонија ќе испорачаат број на гласови онолку колку што е потребен да вториот круг Гордана Силјановска Давкова да биде претседател, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во Силјановска граѓаните на Македонија препознаа право и правдина во оваа држава.

Мицкоски во самото гостување на централниот дневник на Канал 5 посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа Силјановска Давкова и тој не би сакал да комуницира со идниот претседател на државата па дури и утре во својство на премиер бидејќи тоа е принцип на апсолутизам и деспотизам.

-Ние имаме демократско општество со различни мислења и тој доколку аргументите на соговорникот ги победи неговите аргументи ќе ги почитува, рече тој/

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...