Здравковски: Да издржиме сите заедно и да донесеме уште поголема победа за Македонија на 5-ти мај

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на  Игор Здравковски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес

Најнапред сакам да Ви честитам на сите за успешниот изборен процес за бирање на претседател на Република Македонија, процес кој можеби беше еден почистите и подемократски во поновата историја на нашата држава. Исто така сакам да им честитам и на раководството на ОО на СДСМ за коректниот однос во текот на денот на одржувањето на првиот круг од изборите кој верувам дека ќе се согласат и тие, помина во најдобар ред.

Ова беше процес во кој за прв пат сме сведоци за една слаба излезност и апатија од страна на граѓаните, како во општина Велес , така и во цела држава. Оваа мала излезност, според нас се должи на две работи кои се случуваат во последните години.

Првата работа е немањето визија за иднината, немање никакви инвестиции, немање желба за подобар стандард на граѓаните и слух за нивните проблеми. Ништо од ветеното за подобар живот не е сторено. Дополнителен импулс на целата оваа разочараност, дури и помеѓу членовите на СДСМ, е лошата кадрова политика на владејачката партија и назначување на неспособни, но гласни партиски војници на раководни позиции, кои наместо да работат за доброто на народот, работат за сопствените интереси.

Втората причина за мала излезност според нас е носењето на штетни одлуки непочитување на волјата и одлуките на народот во последните 2-3 години. Имено, сите сме сведоци дека и покрај поразот на парламентарните избори, СДСМ благодарение на „Чадорот” и „останатите криминалци од ДУИ”, како што ги нарекуваа тие, ги узурпираа институциите. И покрај волјата на народот на 30-ти септември, најдоа начин да не ја испочитуваат нивната одлука. И покрај волјата на народот во однос на договорите со Бугарија, Тиранската платформа и договорот од Преспа, тие останаа глуви на неговите барања. Повеќе никој не верува во правниот систем.

Се согласуваме со зборовите на лидерот на СДСМ, дека граѓаните и политичарите треба да носат тешки одлуки, но не се согласуваме дека тие одлуки треба да бидат штетни за граѓаните како што се нивните.

Сакаат да не донесат во една безизлезна ситуација во која ние граѓаните ќе помислиме дека се е веќе решено, дека сите сме исти, и дека западот така одлучил.

Драги сограѓани, единствено Вие можете да носите одлуки за Вашите животи. Единствено Вие знаете што е најдобро за Вас. Единствено Вие можете да направите разлика, да казните или наградите одлука на секој што бара поддршка од Вас.

ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Ви честита за правилниот избор во првиот круг. Но, пред конечната одлука за тоа кој сакаме да ни биде претседател на нашата татковина Република Македонија, има уште две недели.

Овие денови ќе има закани, притисоци, убедувања дека се е решено.

Ве молам да издржите, да издржиме сите заедно и да донесеме повторно  уште поголема  победа за Македонија со изборот кој ќе го направиме заеднички на 5-ти мај. Нашата татковина заслужува достоинство, заслужува многу повеќе од она што и се случува во овие моменти.

Да сте живи и здрави, да ни е жива Република Македонија!

 

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...