Ненародната власт е на колена, правдата доаѓа, Гордана Сиљановска Давкова е изборот на народот

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Радувај се Македонијо!

Ненародната власт е на колена, правдата доаѓа. Готови се!

ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДУВА,НАРОДОТ ПОБЕДУВА.

Гордана Сиљановска Давкова е изборот на народот. Гордана ќе биде!

Народот покажува дека е мудар, енергичен кога треба и секогаш е  во право. Правдата доаѓа.

Водиме во огромен број на избирачки места и општини, ВМРО ја победува власта.

Водиме против кандидатот поддржан од СДСМ, ДУИ, ДПА, ЛДП, НСДП и целата власт!

Против народ не се може.

Од 43 проценти обработени од избирачките места водиме во Битола, Велес, водиме во Кавадарци, водиме и во Кичево, Кочани, водиме во Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, водиме во Штип, но водиме и во Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, од обработените податоци веќе победивме во Пехчево, Јагуновце, Градско, Вевчани, Могила, победивме во Илинден, Лозово, победивме во Радовиш победивме и во Ѓорче Петров.

Драги браќа  и сестри, благодарност огромна до граѓаните, до секој еден човек во оваа држава, за секој еден глас, за оние кои излегоа на гласање, но и за оние кои не излегоа на гласање. Имавме изборна кампања со низа прекршувања, да потсетам и на прогонот, притисоците на власта и околностите во кои ја водевме оваа битка, но ќе споменам дека имавме генерално мирен изборен ден.

Македонија ни дава сила, вечерва победува Македонија, вечерва победува правдата, стигнува правдата во Македонија! Честитоста наспроти неправдата, Македонија против Северна, македонската пролет се случува драги браќа и сестри.

Ви благодарам, продолжуваме со обработка на податоците кои што ги добиваме, подоцна ќе излеземе со повеќе детални информации.

 

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...