Зоран Заев, Стево Пендаровски и СДСМ се промотори и заштитници на криминалот

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Зоран Заев, Стево Пендаровски и СДСМ се промотори и заштитници на криминалот. Зоран Заев е единствениот политичар три пати аболициран за криминал, а Пендаровски единствениот кандидат кој што јавно признава дека е 102,5% ист со аболицирани криминалци. Затоа партијата привлекува на митинзи луѓе како Бајруш Сејдиу кои во првите редови најдобро ја одразуваат политиката што ја промовираат Пендаровски и Заев.

Лицемерно е СДСМ,  партијата која направи селективна амнестија  да зборува за настаните од 27-ми април.

На партиски собир за Стево Пендаровски, видовме како лице се закануваше дека со пиштол ќе упадне во ДИК и притоа ниту Пендаровски, а ниту безбедносните служби  не реагираа.

Со СДСМ на власт криминалот  и насилниците царуваат со улиците, имаме бројни нерасчистени убиства и секојдневни мафијашки пресметки во центарот на Скопје.

Стево Пендаровски и Зоран Заев се иста паричка со лице и опачина, а тоа го призна и самиот Пендаровски кој рече дека 102,5% е ист како Заев.

Гласот за Стево Пендаровски е глас за Зоран Заев и сите негови криминали и матни зделки.

Глас за Пендаровски е глас за слобода на над 800 криминалци пуштени од затворите кои слободно дивеат по улиците, слобода за убијците на децата од Смилковско и минимални казни затвор за  терористи од ИСИС кои убивале и масакрирале илјадници невини луѓе.

На Македонија и е потребна правда и заштита на Уставот и законите. Тоа единствено ќе се случи доколку на 21-ви април и на 5-ти мај победи професорката Гордана Сиљановска Давкова.  Татковината повикува.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...