Секој од граѓаните нека си го постави прашањето дали навистина живеат подобро со оваа власт, и сигурен сум дека ќе ги казнат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски гостуваше во денешната емисија на ТВ Алфа каде што повика да се излезе на избори и да донесат разумен избор, каков претседател сакаат да имаат, кој ќе ги претставува надвор од државата.
– Ќе помине овој круг на кампањата, ќе ги згасната тв приемниците, ќе ги исклучат компјутерите, нема веќе социјални медиуми, нема социјални мрежи, нас ќе не нема политичарите да кажуваме дека ова е добро и она е лошо. И тогаш треба само да поразговараат со своите соседи, самите себеси да си постават прашање дали навистина дојде правдата во Македонија, дали навистина има мир, дали навистина поубаво се живее, дали навистина дојде животот во Македонија? Дали оние транзициони политички херои кои што застанаа позади Стево Пендаровски народски ќе не однесат напред , дали навистина имаме 30.000 денари просечна плата? Дали навистина лекарите имаат 100.000 денари плата? Дали навистина се изградија 600 километри автопат, дали навистина имаме 15% поврат ДДВ, дали навистина блескаме во светот? Дали навистина отпочнавме преговори со ЕУ? Дали земјоделците навистина имаат субвенции поголеми, дали навистина имаат загарантиран откуп? Дали навистина реновирани училишта, дали имаме реновирани градинки, реновирани болници? Дали навистина Македонија е пристојно место за живеење? Дали навистина ни се вратија оние 500.000 назад во државата? Дали имаме инвестиции, нови работни места? Или пак сето ова било кажано за пусти пари и фотелји од една група на политичари кои што се надевам дека многу бргу ќе биде поразена. А, нивен репрезент 102,5% идентичен како неговиот лидер е Стево Пендаровски или ја имаме честитоста, искреноста, достоинството и харизмата, патриотизмот на професорката Сиљановска Давкова, истакна Мицкоски.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...