Мицкоски: Треба да се поклониме на маката на земјоделците, оваа власт манипулира со нив

По завршиниот митинг во Штип вечерва, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, гостуваше на интервју на телевизија Алфа каде истакна дека по долгите километри поминати низ Македонија во оваа изборна кампања, очигледна е недовербата на луѓето во власта.

-Тргнете од оние ветувања за земјоделците, дека ќе имале загарантиран откуп, повисоки субвенции, помош, поддршка, прошетајте низ Македонија да видите што се случува со луѓето. Јас Ви велам, преку 10илјади километри поминавме низ Македонија. Поминавме од Ресен, од оние луѓе што ги сечат јаболкниците, бидејќи еден килограм јаболка е 1 денар, и нема кој да го откупи за 1 денар, преку Кочани со полни амбари со ориз нема кој да го откупи.

Појдете Малешевијата, Пијанец, појдете во Росоман со праските, буквално насекаде. Ние немаме еден човек којшто ќе ни каже дека е задоволен.
Мицкоски рече дека сега конечно министерот со подновените патики од Дубаи одлучи да им даде субвенции, мислејќи дека на тој начин ќе тргува со гласот на народот пред изборите.

– Наместо да ги исплати кога требало, како што е редот, тој мисли дека на 3 дена пред избори ќе даде субвенции и сите ќе гласаат за СДСМ. Така ги потценува и ги навредува луѓето, истакна Христијан Мицкоски.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...