Злоупотребата на државни ресурси во изборната кампања за Георгиески за Охрид стана секојдневие

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Перчо Божиновски

Почитувани,

СДСМ и Константин Георгиески ја потценуваат интелигенцијата на Охриѓани. Злоупотребата на државни ресурси во изборната кампања за Георгиески стана навика. Дрско и лицемерно е на партиски прес денеска да се појави со службеното возило. Замислете и тоа прес за Кејот. Георгиески да признае дека средствата за Кејот се пропаднати, а не да ги лаже Охриѓани. Вината за очајна состојба треба да ја признае.

Дали Георгиески мисли дека со лажните градежни зафати ќе го нашминка градот и ќе ги купи гласовите на Охриѓани?

Со камиони сега ќе ги натерате да заборават на црнилата, маките и тешкиот живот?

Охриѓани имаат добра меморија и добро се сеќаваат што вети СДСМ и знаат дека речиси ништо од тоа не е исполнето. После повеќе од година и половина се чекаше сега пред избори машините да работат.

Георгиески да одговори дали ова се ветените проекти или само ситни зафати што е обврска на локалната самоуправа кон граѓаните?

Врз основа на кои проекти и одобренија работи сега?

Немате ниедно одобрение и затоа господа од СДСМ работите ноќе и во темница.

Никој повеќе не паѓа на евтини финти.

Свесни за слабиот рејтинг и поразот на изборите сакаат да ги затскријат нереализираните ветени проекти.

Кочницата за убав град се СДСМ и Георгиески.

Ниту цела владина ескадрила, ниту сите министри нема да го спасат Георгиески од поразот.

На 21 април народот ќе ја врати власта во свои раце, а Охрид ќе биде убав град, град на дела и проекти.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...