Шекеринска и Димитров се плашат од телевизиско соочување со Александар Николоски

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на ставовите на Александар Николоски

СДСМ  и нивните претставници се тие кои што бегаат од дебати. Зоран Заев половина година бегаше од дебата со Христијан Мицкоски.

Радмила Шекеринска и Никола Димитров се плашат од телевизиско соочување со Александар  Николоски.

Оставаме на Шекеринска и Димитров да одберат датум и медиум кој сакаат и кога сакаат Николоски ќе се појави и со задоволство ќе дебатира.

Дебатата е врвно средство за презентација пред граѓаните и соочување на аргументите во едно демократско општество. СДСМ поради големиот број негативни политики во изминатиов период упорно бега од дебата.

ВМРО-ДПМНЕ постави нови стандарди и ја смета дебатата како нужна и неопходна.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...