Пендаровски и Заев не смеат да се кријат зад насилниците кои по нивна нарачка шиканираат медиуми

Соопштение до јавноста

Слободните медиуми се нужност на секое општество. Власта вчера посегна по медиумите и оневозможи телевизиск екипа непречено да си ја врши својата работа. Тоа е преседан и недозволиво. Пендаровски и Заев не смеат да се кријат зад насилниците кои по нивна нарачка шиканираат медиуми.

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудва вчерашниот напад на телевизиските екипи на ТВ21 истото е чин на примитивизам и не му доликува на македонското општество. Независното новинарство е придобивка на 21 век и власта не смее да се дрзне истото да го суспендира.

Стево Пендаровски е се по нервозан. На вчерашната дебата и самиот тој призна дека нема трпение, ваквата нервоза кај Пендаровски е поради се послабиот рејтинг и неминовниот изборен пораз.

Соочени со поразот СДСМ тоне уште повеќе, па ангажира партиски членови кои од партиски собири се закануваат дека во ДИК ќе влезат со пиштол, а при тоа никаква реакција од безбедносните служби.

Република Македонија е соочена со политизирани безбедносни служби. Токму затоа е потребно повторно воведување на принципите на правната држава и владеењето на правото.

Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за Македонија, за право и правдина!

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...