Милошевски: Туристичките и угостителските работници во Охрид се во очајна состојба

Во однос на унапредувањето на туризмот, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Митре Милошевски на телевизиска дебата на МРТВ истакна дека факт е оти туризмот како и многу други работи во Охрид се во многу лоша кондиција, туристичките работници и угостителските работници навистина се во очајна состојба, доведени се во ситуација да преживуваат од ден на ден. Доведени се во ситуација од три до четири месеци сезона да мораат после тоа уште 8 месеци да живеат на работ на егзистенција.

Тој вели дека тоа е последица на една кампањска програма, на кампањско збиднување кое што нема никаков ред и редослед.

-Во нашата програма за убав град стратешко место завзема туризмот, предвидуваме до крај на годината за цена од 200 илјади денари да изготвиме стратегија за развој на туризмот во Охрид во која што ќе биде подготвена од врни стручњаци, особено затоа што тие се во центарот на збиднувањата и најдобро знаат што се случува и како да се решат проблемите. Стратегијат аќе биде 10годишна и од нејзе ќе може Охрид да се развира прецизно и да се знае кои гранки ќе се развиваат, вели Милошевски.

Тој исто така истакна дека општината Охрид треба да развива услови во сферата на комуналниот развој, во сферата на еколошкиот развој и во сферите кои го чинат живеењето во градот. Треба да ја подржи таа стратегија и туристичките работници повеќе да немаат проблеми околу тоа, рече Милошевски.

Поврзани вести