Гласот за Пендаровски е глас за Заев и поткуп по шемата – „едно евро за црквата, едно евро за Вицето“

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Гласот за Стево Пендаровски е глас за Зоран Заев. Гласот за Стево Пендаровски е глас за поткуп по шемата – „едно евро за црквата, едно евро за Вицето“.

Самиот Стево Пендаровски кажа дека заедно со Зоран Заев се исти 102.5%. Тоа значи дека се исти и во криминалот.

Да се потсетиме како Зоран Заев бараше поткуп, за да изврши легализација на објект, нешто што му е обврска согласно закон. Но наместо како што е пропишано, Заев бараше по 2 евра од квадрат мито. Но не е само тој што земал во овој случај, туку и кажува дека мито плаќале сите, па ги реди Мирчо, Ването и други струмички бизнисмени кои очигледно му се познати на соговорникот.

Ова е срамно и недозволиво. Ова е еклатантен доказ за криминал. Зоран Заев на видеово се однесува како Колумбиски нарко бос, а не како политичар кој што треба да биде во служба на граѓаните. И покрај ваквиот ноторен доказ, Заев е ослободен од обвинение од страна на  Кацарска судството и Русковска обвинителството.

Почитувани,

Пендаровски е ист како Заев, тоа значи дека се исти и во криминалот. Гласот за Пендаровски е глас за Заев. Гласот за Пендаровски е давање легитимитет на поткупот како да е нешто сосема нормално.

Почитувани,

Вие граѓаните заслужувате да ги добивате услугите кои ги нуди државата согласно закон без притоа да треба да поткупат некој функционер на власта. Времето на криминалот мора да заврши.

Република Македонија заслужува да тргне напред. Затоа се потребни црвсти и темелни принципи кои ќе се почитуваат и ќе ја гарантираат демократијата и владеењето на правото. Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за право и правдина, глас за иднина на Република Македонија!

 

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...