Николовски, Заев и Пендаровски пробуваат со исплатата на субвенциите да ги купат гласовите на тутунарите

Интегрален текст од изјава за медиуми на Тони Ризески

Почитувани,

Министерот за земјоделие пристигнал од своето патување во Дубаи, подновен со новите патики и вчера на својот Фејсбук профил се пофали дека им пуштил субвенции на тутунарите.

Добро е тоа што субвенциите за тутун се исплатени, но е лошо што Николовски, Заев и Пендаровски чекаа на 4 дена од денот на изборите да ги исплатат субвенциите за тутун.

По кој знае кој пат овие тројца луѓе ги понижуваат земјоделците, ги понижуваат тутунарите мислејќи дека со исплатата на субвенциите ќе ги купат гласовите на тутунарите.

Со парите кои државата мора да ги исплати, затоа што по закон им следуваат на тутунарите, пари кои им се заработени со пот!

И Николовски и Заев и Пендаровски треба да знаат дека прилепчани најдобро од сите знаат со каква мака се спечалени парите од одгледување на тутун.

Најлошо е кога власта си го потценува својот народ, кога власта го потценува и понижува земјоделецот!

Но, тутунарите, земјоделците, прилепчани, ќе се изборат за правда! Правда ќе има, а тоа ќе го разберат тројцата погоре споменати од СДСМ уште во недела, кога прилепчани ќе го дадат својот глас за број 2 на гласачкото ливче, за Гордата Сиљановска Давкова, за правда во Македонија!

 

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...