Додека Филипче работи за кампањата на Пендаровски, морбилите се проширија на цела територија на државата

Интегрален текст од изјава за медиуми на Маја Славева

Почитувани,

Венко Филипче терајќи ја претседателската кампања на Стево Пендаровски, заборави дека формално е на функцијата министер за здравство.

Додека Филипче работи за Пендаровски морбилите се проширија на цела територија на државата.

Каде беше Филипче четири месеци со мерките за спречување на ширењето на морбилите? Каде беа мерките да се спречи ширењето на болеста помеѓу вработените во здравствените институции, да се провери дали негувателките и воспитувачките во предшколските установи биле вакцинирани?

Дали е вистина дека нема вакцини во болниците во Кичево и Кочани? Кој ќе понесе одговорност за новите заразени во овие градови?

На ова Филипче требаше да мисли многу порано.

Сега доцни и тоа многу. Неспособноста и лошото менаџирање во здравство резултира и со жртви.

Почитувани,

Филипче, сега, трчајќи да ја помине Македонија и да лобира за претседателскиот кандидат Пендаровски, сосема заборави на здравството.

Антивакциналната кампања која ја водеше СДСМ, и се удри од глава на владата предводена од Зоран Заев, а тука и на министерот за здравство Филипче.

Веќе неколку трудници ги изгубија своите бебиња затоа што власта е неодговорна.

Венко Филипче мора да си замине. Животот на граѓаните нема цена.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...