Мицкоски: Заев не можеше да каже дека направил ниту еден проект за Македонците и Албанците

Сакам да видам држава да биде таква во која различностите ќе се спојуваат, сакам да видам кохезија. Тоа е кога заедно ќе разговараме за заеднички интерес и проекти, а не да ги делиме луѓето, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија 21 на која дебата учествуваа и аналитичари и новинари.

Според него, потребна е реална платформа, на реална основа, а не не национал – романтична основа, значи подобар живот за сите во вистинска смисла на зборот.

-Единствена работа што Заев и Пендаровски ја кажаа е водоводот во Липково, не може да се фалат со тоа, рече Мицкоски кој потсети дека многу ветуваа малку направија.

Според него партијата никогаш не излегла со став дека е против албанскиот јазик.

-Ние сме легалисти и баравме да го направиме Законот да е во согласност со Уставот, рече Мицкоски.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...