Мицкоски: Премиерот не сака да каже дека Македонците од Грција зборат Македонски за да не му правел проблем на Ципрас

Каков е јазикот на кој што говорат жителите на Северна Грција во областа на Чемеране, а не е грчки?, ова прашање вечерва во емисијата „Клик плус“ им го постави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на новинарите.

-Таму се говори албански, но замислете јас кога го прашав нашиот премиер каков е јазикот кој што говорат жителите на Северна Грција во делот на Лерин, Костур и така натаму, нејќеше да каже, вели дека ќе сум му направел проблем и ќе сум го скарал со Грците, вели Мицкоски.

Тој додава и дека Заев мора да признае дека тоа се Македонско малцинство кое што говори македонски јазик и кој што пеат македонски песни и играат македонски ора.

-Толку ли е тоа страшно да се признае? Ние се само откажавме од принципот на самоопределување, тогаш за каков бетон и арматура зборуваме?, прашува Мицкоски.

Поврзани вести