Ѓорчев: Кадровските списоци на СДСМ ја доведоа администрацијата до 150 илјади вработени, а сега Заев најавува масовни отпуштања на професионалци

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Ова е содржинскиот дел од прес конференцијата. Со жалење можеме да констатираме дека во своето вчерашно интервју Зоран Заев најави масовно,  масовно бркање на луѓе кои што се професионалци и кои што со години и децении работат во јавниот сектор за да се отворат нови и нови места за партиски  војници од СДСМ.

Мира Дизел вработувањата тотално го окупираа јавниот сектор во Македонија и како последица на тоа како последица на 20.000 нови вработувања во јавната администрација изминативе две години Македонија дојде до историски најголемите 150.000 вработени во јавна администрација соопштени од Дамјан Манчевски и Зоран Заев. Внимавајте со оваа влада на Зоран Заев со 28 министри со заменици директори во сите јавни   претпријатија со закон изгласани со 20.000 партиски вработувања од Мира Дизел списоците дојдовме до тоа Македонија да има фрапантни 150.000 луѓе во јавната администрација и како врв на сето тоа Зоран Заев по изборите најавува масовни бркања на луѓе од јавниот сектор за да се отворат нови и нови места за нивните партиски војници.

Погледнете ги само од последниве два месеци од февруари наваму огласите кои што се распишуваат, 160 вработувања во Царинската управа , 70 вработувања во УЈП, 700 вработувања во градските претпријатија во Град Скопје, 230 во ЈСП, 30 во комунална хигиена, 100-тина во Водовод директно во седиштето на градоначалникот и градската администрација локални и т.н Списокот не се дочитува. Ако навистина во јавниот сектор има превработеност како што вели Заев, зошто тогаш 20.000 нови вработувања. Ако има превработеност зошто не се случат преземања од институција до институција. Ако има превработеност зошто ја имаме оваа динамика на вработувања во јавниот сектор како никогаш досега во историјата изминативе 28 години. Никогаш досега.

Навистина станува збор за катастрофа којашто и се случува на Македонија. Станува збор за економски политики коишто буквално ја јадат економијата, го јадат реалниот сектор. Современите даноци и сме затоа во ситуација каде што изминативе две години оваа влада има потрошено повеќе од 9 милијарди евра, а во Македонија ништо не е изградено. Оваа Влада на Зоран Заев со неговите 28 министри, со сите нивни стотици директори и заменици директори коишто ги направија задолжителни по закон, потроши повеќе од 9 милијарди евра на граѓаните на Република Македонија, а една шајка не е заковано и една бандера не е направена.

Ете тоа е она коешто сакаме да го соопштиме на оваа прес конференција. Граѓаните го имаат последниот збор и граѓаните ја носат одлуката на сето ова. Ако сето ова е нелогично, ако сето ова е неправедно, а е и нелогично и неправедно, недомаќински ќе може на 21 април со гласот за Гордана Сиљановска Давкова, ќе можат да го кажат сето она што го мислат за сета оваа рашомонијада и катастрофа којашто и се случува на Македонија.

 

Поврзани вести