ВМРО-ДПМНЕ најостро ја осудува злоупотребата на државни ресурси во политички цели од страна на високи функционери на СДСМ

Соопштение до јавноста

ВМРО-ДПМНЕ најостро ја осудува  злоупотребата на државни ресурси во политички цели од страна на високи функционери на СДСМ.

Кога министерот за правда може да си дозволи со службено возило во маички од кампања да оди на партиски митинг можеме само да претпоставиме што прават пониските ешалони на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ бара министерот за правда Рената Треневска Дескоска веднаш да си поднесе оставка заради морална одговорност, а државната комисија за спречување на корупција, јавното обвинителство и другите надлежни институции да покренат прекршочни и кривично постапки.

По оваа злоупотреба од страна на Дескоска сосема е јасно зошто СДСМ се противи на реформи кои ќе значат независно и професионално јавно обвинителство и судство.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...