Слабата посетеност на митингот во Скопје е знак дека Заев си заминува

Соопштение до јавноста – реакција на обраќањето на Зоран Заев и Стево Пендаровски

Граѓаните му свртеа  грб на Заев и Пендаровски. Пендаровски и Заев мораа  да носат полупразни автобуси од цела Република Македонија за да го пополнат колку толку просторот пред бината од која ги лажеа дојдените активисти.

Граѓаните не излегоа на митингот на СДСМ, туку само мал број партиски активисти. Митингот на СДСМ денес е најголем дебакл на оваа партија и доказ дека граѓаните се против антидржавните политики, против криминалот, непотизмот, хаосот во земјоделието, деградираното образование и здравство.

И покрај сите притисоци закани и уцени граѓаните одлучија да не излезат на митингот и да не дадат поддршка за антидржавните и криминални политики на власта.

Слабата посетеност на митингот во Скопје е знак дека Заев си заминува.

Вчерашниот грандиозен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и денешниот слаб митинг на Зоран Заев се доказ  дека СДСМ губи во недела. Зоран Заев и Стево Пендаровски денес добија јасна порака од граѓаните во недела Пендаровски губи и од тоа нема назад.

Скопје никогаш не испратило појасна порака. Доаѓа правда за Македонија. Татковината повикува.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...