Мицкоски: Со овие избори ќе добие Македонија, а ќе изгуби СДСМ и тие малкумина клиенталисти околу деспотот Заев

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНE денеска се обрати на митинг пред граѓаните во Градско.

-Немојте да дозволите никој да ве уплаши, немојте да дозволите никој да ве уцени. Иако сум свесен за притисоците коишто се прават, затоа што деспотот е на колена, СДСМ е на колена, а овие избори само побргу ќе го бутнат за земја, истакна претседателот Мицкоски.

Тој од Градско потенцираше дека со овие избори ќе добие Македонија, а ќе изгуби СДСМ и тие малкумина клиенталисти околу деспотот Заев, па затоа  е потребна голема победа на 21 Април, а потоа и на 5 Мај.

Мицкоски рече дека со денешниот митинг на СДСМ, тие доживеале фијаско во Скопје , немало луѓе кои ги поддржувале, и СДСМ не успеал да собере ни петмина од тоашто успеа ВМРО-ДПМНЕ  заедно со народот вчера да ја поздрави новата хероина, новата претседателка на Република македонија, професорката Гордана Сиљановска Давкова.

-Готов е, и доаѓа денот затоа ни е потребно сите ние, еден до друг да застанеме, да се обединиме, сплотиме, рамо до рамо, грб до грб да си бидеме потпора еден на друг, затоашто потребно е да ја осолободиме Македонија од канџите на Зоран Заев  и Пендаровски Стево, додаде Мицкоски.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...