Честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски до Бенјамин Нетанјаху, Премиер на Израел

До Бенјамин Нетанјаху, Премиер на Израел

Почитуван Премиер,

Дозволете ми да ви ја честитам победата на последните избори во Израел. Искрено Ви посакувам успех и Ви испраќам најдобри желби за просперитет во извршувањето на важните должности за време на вашиот петти мандат како израелски премиер.

Довербата што ја имаат граѓаните во вас ја покажуваат високата оценка за вашите напори за одржувањето на просперитетот и благосостојбата на Израел.

Израел е клучен партнер на Македонија во многу области, и јас верувам дека нашите две библиски земји под вашето континуирана лидерство ќе останат блиски сојузници кои се длабоко посветени на заедничкото работење за нашиот заеднички интерес.

Вашиот успех како претседател на партијата Ликуд и како премиер на Израел е пример за економски развој. Се надевам дека и двете наши држави  ќе продолжат да ги продлабочуваат врските и пријателството помеѓу нашите народи.

Господине Премиер, прифатете ги моите најдобри желби и афирмација на нашите интереси за продлабочување на заедничкото пријателство.

 

 

Со почит,

Проф. д-р Христијан Мицкоски

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

 

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...