Стоилковски: Пендаровски лаже исто како Заев, Македонија убедливо е на дното во регионот и во Европа

Интегрален текст од прес конференција за медиуми  на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Стево Пендаровски вели одиме напред и одлично ни оди. Лаже исто како Зоран Заев. Впрочем самиот вели дека се 102,5% исти. Е па, еве што донесе „блескањето“ на Заев и на Пендаровски. Еве каде се движиме со ваква 102,5% иста политика што ја рекламира Стево Пендаровски. Политиката на Зоран Заев која се темели единствено на лаги, а во насока на заштита на корупцијата и на криминогеноста која извира од редовите на власта.

Почитувани,

Македонија убедливо е на дното во регионот и во Европа, Македонија според индексот на Светска Банка е рангирана на 88-то место, мерења за 2018 година. Падот на листата е за 21 место од рангирањето во 2017 година. Во 2017, Македонија е 67. Во 2016, Македонија беше рангирана на 59 место. Во 2015 година, 55-та.

Почитувани,

33 места подобро било во 2015, отколку денеска однодно согласно индексот за 2018 година. Индексот вели, 33 места пад со Зоран Заев!

Ова го донесе Заев, ваков е трендот што го ветува Пендаровски. Ова е блескањето што го поддржува Пендаровски. Ова не смее да биде иднина како што ја ветува Пендаровски, а не е ништо поразлична поддржувајќи ги 102,5% политиките на Зоран Заев.

Почитувани,

Блескањето на Заев и на Пендаровски завршува со гасењето на светлата на нивните трибини. Според Светска Банка, Македонија токму со политиките на Заев и на Пендаровски  е во слободен пад. Ниту се грижат за иднината, ниту за младите, ниту за образованието, ниту за развивањето на вештини за работа, ниту за вработување, ниту пак за здравјето на сите генерации, особено за здравјето на здрава иднина и здрави идни генерации. Токму тоа го мери Светска Банка – инвестициите во човечкиот капитал, базата за просперитет и развој во иднината. Индексот на човечкиот капитал го мери придонесот на здравјето и образованието врз продуктивноста на следната генерација на работници.

Заев и Пендаровски се грижат само и само за себе, за функции, за комотен живот врз грбот на граѓаните. Всушност Пендаровски ветува дека ќе поддржува политики чиј што тренд ќе стимулира согласно овој тренд мерен од Светска Банка неспособна и неконкурентна иднина, ќе стимулира згаснување на економијата, ќе стимулира иселување, ќе стимулира пад на конкурентноста на македонската иднина, со еден збор ќе ја стимулира белата чума. Македонија на дното во регионот, Македонија на дното во Европа. Ете тоа се политиките што ги поддржува Стево Пендаровски.

Почитувани,

Доста е лаги. На Македонија и еден Заев и е премногу. На Македонија и треба правда, и таа е на дофат. Правдата ќе победи на 21 април, правдата ќе победи на 5-ти мај, а веднаш потоа и на предвремените општи избори!

Почитувани, сега татковината повикува!

 

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...