Мицкоски: Неправда е кога знаете дека терористи кои одземаа 5 животи се на слобода и дека власта и Заев правеа политика од тоа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи по повод 7-годишнината од монструозното убиство кај Смилковското езеро.

-Неправда е, и таа боли и пече, кога знаете дека терористи кои одземаа 5 животи се на слобода, и дека власта и Заев правеа политика од тоа. Неправда е да ветувате на родителите дека ќе го расветлите случајот, а да ги ослободите обвинетите и да го заборавите ветеното. Неправда е кога знаете дека ладнокрвни убијци на деца слободно се шетаат. Седум долги години од трагичната случка. Слава им на починатите. Да не се повтори, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Поврзани вести