Мицкоски: Граѓаните нема да заборават сето она што изминатитите две години им го приреди СДСМ

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со граѓаните во Кривогаштани.

-Пристискаат, уценуваат, злоупотребуваат сега еве ги користат и медиумите  за да создадат лажен впечаток, но една работа ја погрешија. Оваа работа се победува заедно со граѓаните, затоа што граѓаните нема да заборават сето она што изминатитите две години, вие господо од СДСМ им го приредивте. Сите оние лаги, сите оние ветувања, сите оние нереализирани очекувања, очекувате дека народот овојпат ќе ви поверува, истакна претседателот Мицкоски од Кривогаштани.

Тој рече дека СДСМ игра на картата на кратко помнење на народот, дека тие го забораваат и потценуваат народот и сето тоа ќе им се удри по глава на 21 Април.

-На 21 Април ќе ја видите онаа вистинската анкета  којашто денеска ниту сте способни, ниту сакате да ја видите затоашто сте заслепени  за пуста власт и за пусти пари. Тоа е она коешто вас денеска ве мотивира да го правите тоашто го правите, потенцираше тој.

Мицкоски од Кривогаштани порача дека најголемата коалиција не е онаа коалиција којашто беше направена во еден скап и луксузен скопски  хотел кадешто на деспотски начин  Заев одлучи дека Пендаровски ќе биде, туку вистинската коалиција е коалицијата со народот.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...