Гласот за Пендаровски е глас за заштита на непотизмот и грабежот на народните пари

Соопштение до јавноста

Гласот за Пендаровски е глас за заштита на непотизмот и грабежот на народните пари.

Поддршката за Пендаровски е поддршка да продолжи полнењето на јавната администрација со роднини на функционери, додека млади професионални кадри ја напуштаат земјата.

Гласањето за Пендаровски е глас за Мира Дизел, која си го вработи синот во ЕЛЕМ, кој се уште не си дава отказ. Гласот за Пендаровски е и глас за Милева Георгиева, Костадин Костадинов, Фросина Ременски и другите функционер кои јавната администрација ја гледаат како средство за згрижување на роднини.

ДКСК наместо да чека по изборите, треба сега да го објави извештајот за непотизам и влијанија при вработување.

ДКСК мора да делува веднаш и да се ослободи од стегите на власта.

Граѓаните на 21 април и 5 мај ќе им кажат не на политиките на минатото, на непотизмот, криминалот и корупцијата. Граѓаните ќе му кажат НЕ на Стево Пендаровски.

 

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...