Мицкоски: СДСM ќе го бара гласот од граѓаните и ќе се обиде да игра на онаа проверена карта, карта на кратко помнење

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска  им се обрати на граѓаните од Центар.

-Вчера го гледав обраќањето на Заев, така насмеан, распеан, свесен дека губи и единственото нешто што му преостанува да го утеши неговиот деспотски избран кандидат  во скап и луксузен хотел во Скопје со една песна во ноќта во Тетово  и претпоставувавм  дека истата таа вечер  позади бината тие двајца на оние луѓе собрани надвор им ветија да не им се појавуваат пред нивните очи со нивните сурати нормално доколку не гласаат за нив, истакна Мицкоски.

Тој од  Центар кажа дека СДСМ повторно ќе се појават пред граѓаните во Центар, ќе се појават насекаде во Република Македонија  и ќе го бараат  гласот  од граѓаните и повторно ќе се обидат да играат на онаа проверена карта, карта на кратко помнење, ќе се обидат со некоја шарена лага, ветувајќи им на граѓаните дека државата ќе оди напред  со Заев и со Пендаровски, едниот со инспекторите под мишка евро по евро во тробичката, украдени пари од граќаните, а  другиот ќе им слугува на Заеви и ќе ги убедуваат  граѓаните дека ги чека  блескава иднина.

-Јас овде од Центар ќе се обидам да ги потсетам на лагите коишто ги кажуваа изминатите години и денеска бесрамно лажат, потпевнуваат на плоштадите, иако и они се свесни дека првиот голем чекор на граѓаните на Република Македонија ќе биде на 21 Април и на 5 Мај. Вториот голем чекор ќе биде после победата, на предвремените парламентарни избори, а третио голем чекор ќе биде формирање на влдата на Република Македонија која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“,  објасни Мицкоски

Претседателот Мицкоски потсети и на ветувањето на СДСМ дека  ќе го рестартираат Југохром. Имено прво ветуваа дека тоа ќе се случи  еден мај 2017, па велеа дека до крајот на 2017 година ќе го рестартирале. Потоа ветувањата беа  за еден мај во 2018 ќе го рестартирале. Но,  дојде и мај 2019 од рестартирањето нема ништо.

-На прес конференциии овој градскиот татко што требаше да биде, ни читаше пресконференции дајте ни ја довербата и ние ќе донесеме чист алпски воздух ќе почне да дува по ливадите, по улиците, по булеварите. Но, реалноста е дека тоа го ветуваа само за пусти пари и лажеа., скопјанци и центарци немале позагаден воздух никогаш во историјата, истакна Мицкоски.

Тој уште постети и на некоие други ветувања од страна на СДСМ. Тоа се:

-Ветуваа гасификација, па на тој начин ќе го решеле затоплувањето во домовите, ќе пуштеле гас до секој еден дом, до секој еден граѓанин и ќе почнеле од Центар  и главниот град. Еве ги две години помина, една шајка немаат заковано, и таа шајка што несреќно ја заковаа , ја украдоа

-Се сеќавате зборуваа за економски раст од 5% , а од првиот ден до денеска дваипол пати е помал растот од тој што го ветуваа на македонската еконимијата. Вчера Светската Банка ги потсети колку блескаат во Светот, осумдесет и осмо место сме заедно со Танзнија и Гвинеја

-Ќе го реформирале даночниот систем во Република Македонија, да го реформираа , но наместо да одат даноците надолу тие , парите повеќе да бидат кај граѓаните, денеска даноците одат нагоре за 50 проценти од тоа што беше порано

-Ветуваа нови работни места, ветуваа дека секој ќе добие шанса според квалитетот , ама денеска ако не сте некој седми братучед на Мира Дизел тешко дека ќе се вработите во државно

-За жал сето она што го ветуваа овие години , прва прилика кога имаа тоа да го исполнат, не успееја. Паднаа на економскиот тест. На економскиот тест добија не единица, добија 0 и тоа не од граѓаните на Република Македонија, не од молчаливата бизнис заедница туку добија од Германската стопанска комора

-Ветуваа дека штом СДСМ ќе дојде на власт, Македонија ќе влезе во НАТО и ќе ги отпочне преговорите за ЕУ, без да го променат идентитетот, без да го променат тоашто прво го направија посегнаа по идентитетот. Се колнеа во жицата, во дедовината, во татковината, се колнеа во најмилото дека нема тоа да го направат  туку они биле вешти политичари и само да падне режимот веднаш Македонија ќе биде примена во Нато  и ќе се отпочнат  преговори со ЕУ. Минатата година ширум празните плоштади, игравме чочеци, се слушаше музика, славевме влез во НАТО иако тоа не се случи . Истовремено славевме дата за почеток на преговори со ЕУ. Еве втора година по ред, но дата за преворори со ЕУ, и влез во НАТО сеуште нема.

Претседателот Мицкоски од Центар порача дека ВМРО-ДПМНЕ е за мотивирана, за една поинаква Македонија и ја побара поддршката  од сите граѓани на Република Македонија за престојните претседателски избори да гласаат за кандидатот за претседател професорката Гордана Силјановска Давкова.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...