Мицкоски: Со владата на СДСМ и Заев се засилува иселувањето на граѓаните од Република Македонија

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска им се обрати на граѓаните во Бутел.

Тој пред граѓаните  рече дека сите граѓани на Република Македонија ќе кажат едно огромно ДА за идниот преетседател на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова.

– Зоран Заев најпрво  кажа дека доколку неговиот деспотски избран кандидат  за претседател ги загуби овие избори, потоа ќе распише предвремени парламентарни избори, а потоа го гледаме на едно интервју на локална телевизија каде вели дека немал такви намери и не бил добро сфатен за да конечно каже дека СДСМ и сега би распишале  предвремени парламентарни избори, но  бидејќи ќе не згазеле затоа не ги распишале. Епа, господине Заев пред некој ден овде во Бутел беше Стево, па може да се спореди, како си поминавте со Стево  и каква е оваа слика во овој победнички Бутел. Па вие донесете заклучок дали ќе не згазите или ќе бидете згазени, такашто ќе видите како македонскиот ураган  ќе издува вашата „киша око Крагујевац“,  кажа претседателот Мицкоски.

Тој пред граѓаните истакна дека ќе зборува за сите оние неправди, за сите оние неисполнети ветувања и за сите оние нереализирани очекувања.

Неправди има на секој чекор, неправда е кога како опозиционер Зоран Заев ќе застане десно мене и ќе каже дека ќе никне поликлиника, а после една, две или три години ниту има поликлиника, ниту нешто  започнале,  потенцираше Мицкоски.

Претседателот Мицкоски потсети дека СДСМ и врхушката на СДСМ на скопјани им ветуваа чист алпски воздух се со цел само да дојдат до тие пусти пари и фотелји. Но, кога се на власт ниту има чист воздух, а тој кој го имаа граѓаните тешко се дише бидејќи е немаштија и беспарица во Република Македонија.

Неправда е кога Зоран Заев како опозиционер ќе не  убедува дека неговата жица ќе се колне во децата, ќе се колне во дедовината  и татковината  дека нема да го  избрише идентитетот, а првиот момент кога ќе има можност единственото нешто што ќе го направи во овие две години  е токму тоа -бришење на идентитетот, бришење на нашиот корен. Но, господине Заев  овие луѓе овде и секаде низ Македонија  се како пиреј и ти ги потцени, но тоа што ги потцени ќе го видиш на 21 Април,  а потоа и 5 мај,  објасни претседателот Мицкоски.

Претседателот Мицкоски  пред граѓаните во Бутел ги спомна и чевлите кои ги редеа СДСМ кога беа во опозиција пред Владата во Република Македонија.

Ќе велите, ќе клеветите, ќе лажете како опозиционер дека поради политиките на таа влада луѓето ја напуштиле државата, а кога ќе имате можност тие луѓе да ги вратите, ниту еден од нив нема да ги облече тие обувки, туку дополнително ќе се засили иселувањето од Македонија и тоа на цели семејства коишто разочарани од вашите безочни лаги и неисполнети ветувања  заминуваат од родното место, таму каде каменот најмногу тежи, тоа е дома, овде во Македонија, додаде претседателот Мицкоски.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...