Заев го нема прочитано новиот предлог кој министерката за правда, Дескоска го достави до претставникот на ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Зоран Заев

Во врска со изјавата на премиерот Зоран Заев дека наводно се прифатени дел од забелешките на ВМРО-ДПМНЕ во однос на преговорите за законските нормативи од областа на обвинителството сакаме да демантираме и да го истакнеме следново:

Прво, или господинот Заев го нема прочитано новиот предлог кој министерката за правда, Дескоска го достави до претставникот на ВМРО-ДПМНЕ или пак Заев продолжува свесно да не ја говори вистината во јавноста и фингира дека наводно власта е кооперативна.

Второ, неприфатлива е реториката на власта и принципот земи или остави кои не одат во интерес на процесот.

И трето, власта може на вештачки начин да оформи двотретинско мнозинство како што и практично покажа во изминатиов период но тоа нема да донесе квалитет на реформите ниту пак ќе им даде легитимитет без договор со ВМРО-ДПМНЕ. Евентуално такво водење на процесот подразбира покажување на мускули во политиката и никако не може да биде реформа туку алатка за пресметка на Заев со политичките неистомисленици.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...