Пендаровски е ист како Заев, граѓаните и Македонија немаат потреба од уште еден Заев

Соопштение до јавноста

Зоран  Заев и Стево Пендаровски се исти 102.5%.

Заев и крими картелот околу него секојдневно ги ограбуваат граѓаните. Заев го зголеми бројот на граѓани кои живеат под прагот на  сиромаштија од 400.000 на 500.000. Заев ветуваше подобар стандард. Заев излажа. Пендаровски лаже исто како Заев.

Економијата две години тоне. Стандардот на граѓаните секој месец е се помал.

Јавниот долг на Република Македонија откако е дојден Заев на власт е зголемен за над половина милијарда евра. Заев ветуваше намалување на јавниот долг. Заев излажа.

Пендаровски и Заев се исти 102.5% и Пендаровски лаже исто како и Заев.

Секој месец власта во изминативе две години ја задолжува државата за над 20 милиони евра.

Заев и Пендаровски ги презадолжија граѓаните и идните генерации, а ниту една капитална инвестиција не е направена. Економијата е на дно, а развој воопшто нема.

Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. Република Македонија има потреба од чесен претседател како Гордана Силјановска Давкова.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...