Заев и неговиот деспотски избран кандидат се нервозни затоа што знаат дека ја немаат довербата кај граѓаните

Интегрален текст од изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска сме овде во Прилеп на овој голем христијански празник Благовец каде што православните христијани чествуваат, слават именден на сите они кои што денеска им е именден им посакувам вечно име многу здравје, среќа, успеси за нив, за нивните семејства се разбира, но и на сите оние православни верници кои што денеска го слават овој ден би сакал да им го честитам и да им посакам многу здравје, среќа, бериќет и успеси на нив и на нивните семејства.

Потоа продолжуваме во југоисточна Македонија, денеска сме во делот на Струмичко, делот на Радовишко, продолжуваме со претседателската кампања она што можам да го кажам е дека се чувствува победничка атм осфера во Република Македонија, насекаде ја чувствуваме енергијата на нашите сограѓани дека иден претседател на Република Македонија е Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова и ќе му оставиме можност на претседателот на владата господинот  Заев еднаш да си го одржи зборот и да распише предвремени парламентарни избори.

Вчера бев  сведоци на еден нервозен реалити стенд ап настан на претседателот на владата господинот Заев, бидејќи и он е свесен дека ситуацијата не е онаа иста како што беше пред две три години кога успеваше на помалку комичен начин со своите лаги да разговара со граѓаните во Република Македонија.

Но, годините потоа граѓаните на Република Македонија видоа со каков човек имаат работа дека станува збор за човек кој што освен распродажба на националното достоинство, националната чест се служи многу со лаги и манипулации и тоа е насекаде очигледно.

Ја пропушти можноста во Битола  да се извини за сите оние неправди кои што СДСМ во минатото од времето на транзицијата им ги приреди на Битолчани. Се надевам дека во деновите кои што следат ќе успее да собери малку храброст и доблест и да им се извини на граѓаните во Република Македонија за сите оние лаги и неправди кои што им се случија изминатите две години, а ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, ВМРО-ДПМНЕ е меѓу граѓаните разговара и сето она кое што го слушаме од граѓаните ќе дадеме се од себе да на следните парламентарни избори ја подготвиме најобемната и програма која што има најголем број решенија за реалните проблеми на нашите граѓани.

Но, најпрвин ајде заедно со најголемата коалиција во Република Македонија, а тоа е коалицијата со народот  да победиме на 21 април и на 5 мај па дури потоа ќе му думаме како и кога ќе бидат предвремените парламентарни избори.

Долгата приказна накратко Зоран Заев е нервозен, Зоран Заев и неговиот деспотски избран кандидат знаат дека ја немаат довербата кај граѓаните, се заканува, препелка, уценува, притиска, ги користи безмилосно  државните ресурси, но и сето тоа му е попусто, сите нив на купче народот заедно со опозицијата ќе го порази на 21- април а потоа тоа ќе го потврдиме и на 5 мај.

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...