Со Заев, Спасовски, Пендаровски и нивниот крими картел, никој не се чувствува безбеден на улиците

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Оливер Спасовски

Да знаеше Спасовски дека СДСМ има барем минимална шанса да добие поддршка од граѓаните на претседателските избори, тогаш ќе опстоеше во намерата да се кандидира. Спасовски знае дека нивната неспособност и криминогеност се препознаени и затоа заедно со Заев решија да го жртвуваат Пендаровски кој треба да ги изгуби изборите. Затоа Спасовски и Заев одат со старите катастрофални лаги и дополнително го закопуваат Пендаровски.

Со Заев, Спасовски, Пендаровски и нивниот крими картел, никој не се чувствува безбеден на улиците.

Мајката на исчезнатиот Пино, родителите на брутално ликвидираниот Мартин и семејството на избодениот Филип се најдобриот доказ дека во Македонија мафијата е на власт.

Во Прилеп полицаец уби и запали човек. Во Шуто Оризари полициски службеници се пресметуваа меѓу себе, а соработници на Спасовски рекетираа луѓе оддавајќи ПИ мерки. Тоа е хаосот што го креираа Заев, Спасовски и советници како Пендаровски.

Концептот одиме напред, функционира само за криминалците под контрола на Заев, Спасовски и Пендаровски. Милионските суми дадени за теоретско и практично тестирање за полагање на возачките испити кои се дадоа на фирми без никакво искуство регистрирани непосредно пред изборот, се доказ за приоритетите на крими картелот.

Бруталната и противзаконска партизација на полицијата, како и распределувањето и отпуштањето на професионалниот кадар  во министерство за внатрешни е единствената  реформа која што ја спроведе Спасовски откако е на чело на МВР.

Наместо да се грижи за сигурноста и безбедноста на граѓаните, Спасовски ги злоупотребува државните ресурси за да ветува лаги во кампањата на Пендаровски. Бројни се кражбите, убиствата и разбојништвата кои секојдневно се случуваат, бројни се статистиките за криминалите кои се уште остануваат нерешени. Истрагите и потрагите за исчезнатите луѓе се уште се без разрешница додека Спасовски се шета низ Македонија.

МВР е заштитник на криминалот под раководство на Спасовски, не е заштитник на сигурноста на граѓаните, за тоа говори и фактот што се уште министерот за внатрешни нема спроведено ни една акција за сузбивање на криминалот.

Криминалците се штитат, затворениците се пуштаат од затворите, а граѓаните на кои им се гарантираше безбедноста се жртви на неспособноста на Спасовски.

Во каква иднина за младите ветуваат Оливер Спасовски и власта, кога улиците се преполни со криминалци и банди. Кај граѓаните владее страв, додека дивее криминалот и милионските зделки со парите на граѓаните кои завршуваат во џебовите на другарите на Заев и Спасовски.

На граѓаните им е потребна сигурност и безбедност во своите домови и на улиците, а  не празни ветувања за иднина во држава во која се штитат криминалците.

 

 

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...