СДСМ уште еднаш потврди дека се срами од името Република Македонија и се што е македонски

Соопштение до јавноста

СДСМ уште еднаш потврди дека се срами од името Република Македонија и се што е македонски. На настанот во Македонската Филхармонија, каде концерт имаа оркестрите на армиите на САД, Велика Британија, Словенија, Грција и Македонија, повторно отсуствуваа државните симболи. На македонските парадни униформи го немаше државното име Македонија.

Воените оркестри на другите држави кои настапуваа заедно со македонскиот, гордо го носеа името на своите држави на своите униформи, само македонскиот воен оркестар не.

Ова е уште еден голем срам за македонската држава и народ, уште едно понижување сервирано од Заев и неговата опачина Пендаровски, од министерката за одбрана Радмила Шекеринска и СДСМ.

Власта веќе втор ден молчи кога и дали воопшто е сменета Уредбата за единствен знак за припадност на Армијата на Република Македонија? Доколку не е сменета, ќе дојде ден кога ќе одговараат за нејзиното кршење вчера.

Власта на Заев не бира кој закон ќе го прекрши, со единствена цел на граѓаните и на државата да и сервира уште едно посрамотување и понижување. СДСМ ја обесчести Армијата на Република Македонија.

Република Македонија не можат да ја водат луѓе како Стево Пендаровски и Зоран Заев кои се двете страни на истата паричка. На чело на Македонија не можат да застанат луѓе кои се срамат и не почитуваат се што е македонско, нашето име, јазик, идентитет, култура, историја и државни симболи. На Македонија и е потребна претседателка како Гордана Сиљановска Давкова, честита, горда и достоинствена, мајка на нацијата. На Македонија не и е потребен очув како Стево Пендаровски.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...