Мицкоски: Мене ништо не ме плаши и единствено што внимавам е да не се наштети на мојот народ

Во интервју за битолската ТВ Тера, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ говореше за низа теми, вклучувајќи го СЈО.

Обвини дека Зоран Заев сака ова обвинителство да остане негова алатка, инструмент за обезбедување на дополнителни привилегии за пљачклање на Република Македонија.

Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ е за СЈО да биде интегрирано во ЈО со зголемени привилегии и изедначување на тие луѓе со останатите обвинители.

Новинарот истакна дека со тврдењата дека странците бараат вакво СЈО, сакаат да го заплашат Мицкоски.

-Во животот се плашам само од една работа. Да не направам некоја катастрофална грешка која ќе направи катастрофални последици за моите граѓани, за граѓаните на Република Македонија. Тоа е нешто кое што го направи Зоран Заев. Друго не може ништо да ме исплаши. Ниту Зоран Заев, ниту неговите закани, истакна Мицкоски.

Поврзани вести