Зоран Заев покажа зошто не смее да биде премиер на Република Македонија, затоа што се срами од сопствената држава и народ

Соопштение до јавноста

Зоран Заев се срами од Република Македонија. Исплашен и во нервоза цело интервју не смееше да го изговори името Македонија, па стотина пати го повтори новото име кое го донесе против волјата на граѓаните.

Стравот на Заев беше очигледен и кога не смееше да зборува за Македонците во Грција, ниту за нивното постоење, ниту за тоа на кој јазик зборуваат.

Зоран Заев покажа вчера зошто не смее да биде премиер на Република Македонија, затоа што се срами од сопствената држава и народ.

Власта повеќе од две години ја урнисува економијата и ги осиромашува граѓаните. Нема пари за граѓаните, но затоа бизнисите на Заеви цветаат.

Над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија, а возниот парк на Заеви е исполнет со возила од марките Бентли и Мерцедес Мајбах.

Граѓаните едвај врзуваат крај со крај поради неспособноста на власта, а Заев ставил розеви очила и ги лаже граѓаните дека црното е бело.

Зоран Заев мора да си замине. Република Македонија не може понатаму со Зоран Заев.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...