Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните на Ново Село

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните на Ново Село.

Мицкоски пред жителите на Ново Село истакна дека овие избори ќе бидат шанса за сите оние граѓани кои не се задоволни од реалноста која ја живееме и своето секојдневие, шанса да го поддржат ВМРО-ДПМНЕ, да ги поддржат промените и да се изборат за истите.

Тој посочи дека и во Ново Село како и ширум Македонија се чувствуваат последиците на заевизмот кој го уништуваат животот на граѓаните, граѓаните се излажани, земјоделците изманипулирани, а нивниот труд воопшто не се цени.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ напомена дека граѓаните се уште го имаат она горко чувство поради промената на името и идентитетот кое го спроведе Заев. Имаме премиер кој се плаши да каже, да изусти на каков јазик зборат луѓето во Овчарани, во денешна Северна Грција за да не се замерел со соседите, а што е со тие луѓе таму, што е со вистината која сака да ја сокрие, тие луѓе говорат на македонски, вели Мицкоски.

Истиот тој човек доаѓаше тука во Ново Село ветуваше дека ќе немало рудник, ама кога дојде на власт го заборави тоа ветување и работите со рудникот си ги тера. А, тоа не престанува затоа што некој има камиони од власта кои треба да работат за тој рудник, и на крајот се работи пари, додаде тој.

Мицкоски потенцираше дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие поддршката на граѓаните ќе работи исклучиво за нивните интереси, нема да има рудници кои го загрозуваат здравјето на сите граѓаните, а ќе носат пари за поединци. Битката на ВМРО-ДПМНЕ е за сите граѓани за правда и честитост, битка за Македонија.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести