На Десковска на 26 март во 16 часот 19 минути и 16 секунди и се испратени 65 предлог амандмани на предлогот на Законот за јавно обвинителство

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на Министерство правда

На Рената Треневска Десковска на 26 март во 16 часот 19 минути и 16 секунди и се испратени 65 предлог амандмани на предлогот на Законот за јавно обвинителство.

Десковска злоупотребувајќи ги државните институции се става во одбрана на лагите и манипулациите на нејзиниот шеф  Зоран Заев.

Дескоска да одговори пред граѓаните и пред јавноста зошто не го отвора сопствениот маил и да каже дали добила или не порака од претседателот на Комисија за правни работи Тони  Менкиноски?

Заев е во паника и очај, соочен со слабиот рејтинг што го има тој и неговиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, се служи со лажење.

ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе предлог  амандманите во насока на подобрување на предлог законот кој е клучен за правосудните органи во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека на македонското правосудство им се потребни вистински реформи кои ќе бидат во согласност со меѓународното право, праксата на меѓународните судови и конвенциите заштита на човековите права, а не фингирани реформи за кои што се бори криминалниот картел на СДСМ, Заев и Десковска.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...