Мицкоски: Заев до каде е пријавата за корупција на вашите министри?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на ТВ дебатата на Канал 5 телевизија со премиерот Зоран Заев праша дали тој има сомневање за корупција во владата.

-Вие рековте пред година дена дека имате сомневања за корупција за двајца министри во владата, констатираше Мицкоски.

Мицкоски вели дека тој лично е првиот кој што подржува борба против криминалот и високата корупцијата, но премиерот Зоран Заев истакнал дека владата е извор на највисок криминал и корупција.

-Јас лично после оваа изјава на премиерот сум загрижен затоа што светот имате други типови на здружувања на тие луѓе кои што решиле да прават криминал.

Тој истакна дека еден куп на меѓународни партнери на Македонија ќе се налутат после ваква изјава дека сите влади во светот биле криминални.

Мицкоски изјави дека Законот за јавното обвинителство доколку се имаше јасна намера за да се гони криминалот ќе беше предложен во рок, и за истото ќе се разговараше во собранието, работа на владата е да ги гони криминалците и да го решава криминалот, а не да ги штити, вели Мицкоски.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...