Мицкоски за ниските обвинувања од власта: Заев вашиот родител крадел струја, сте имале од што да учите

Во вечерашната дебата на Само вистина на телевизија Канал 5 лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му порача на Зоран Заев дека неговиот родител Иван Мицкоски никогаш не учествувал ниту во оценка ниту во изготвувањето на магистерскиот и докторскиот труд, а тоа ќе се потврди и на крајот од емисијата кога ќе се утврдат фактите кои што се изнесуваат за време на емисијата.

-Напротив еден ваш соработник во владата бил дел од комисијата и за докторскиот и за магистерскиот труд и може лично да ви посведочи дали мојот родител бил или не бил, му порача Мицкоски на Заев.

Мицкоски му посочи на Заев дека имал од што да учи бидејќи јавноста знаела дека неговиот татко бил обвинет за крадење на електрична енергија, потенцирајќи дека тој му е пример во животот како да се однесува.

-Изгледа вашиот родител добро ве научил, бидејќи тој имаше едно обвинение за кражба на електрична енергија, па сигурно не го влечете вака пример во животот како да се однесувате понатаму, му одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...