Власта не превзема ништо за окупација и узурпација која се случува на брегот на Охридското Езеро

Интегрален текст од изјава за медиуми на Маја Славева

Почитувани,

Во моментов се случува окупација и узурпација на брегот на Охридското Езеро, а власта премолчува и не презема ништо.

Палењето на трската на најразлични локации на брегот на езерото јасно ја покажува неодговорноста и негрижата на природното богатство и Охридското Езеро како македонски бисер, од страна на централната и на локалната власт. Очигледно е дека се работи за смислено и добро испланирано сценарио. Самиот факт дека надлежните се исклучително пасивни по однос на зачестените палења на трската, особено пред почетокот на летната туристичка сезона, наведува дека позадината на овие случувања е сосема друга.

Можно е исто како и на езерото Матка крај Скопје, преку ноќ да никнат нови платформи, нови плажи или темели од некој објект. И додека се чека реакција од страна на институциите на државата, можеме повторно да бидеме сведоци некој да побара и легализација на овие објекти и повторно сите да се прогласат за ненадлежни.

Можеби Антикорупциската Комисија повторно ќе се јави дека е надлежна и за овој проблем.

Ги повикуваме владиниот Инспекциски совет, Државниот градежен инспекторат, Инспекторатот за земјоделие и Државниот инспекторат за животна средина кои вршат контрола на целото крајбрежје, вклучително и на плажите на кои веќе повеќе од две години им се истечени договорите за концесионирање, веднаш да излезат со официјална информација и да ги откријат нарачателите и потпалувачите на трската. Бареме брзи и ефикасни мерки и казни за сторителите на ова кривично дело.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...