СЈО, како одделение во рамки на Обвинителството за организиран криминал, со закон кој се почитуваат меѓународни принципи и насоки

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Тони Менкиноски, Претседател на правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

 Би сакал да ве воведам во темата, имено како што знаете во тек се преговори околу носење на новиот закон за Јавно обвинителство на Република Македонија, кој се менува после 12 години. И кој треба да се сообрази со законот за кривична постапка и со сите постулати кои се битни и важни од аспект на меѓународно право, од аспект на основни човекови права, значи од аспект на одговорност, отчетност на јавните обвинители.

Притоа би сакал да ве информирам дека ВМРО-ДПМНЕ оствари една средба во понеделникот на која средба ги дадовме забелешките на законот, на предлог законот, кој е изваден од страна на Владата на Република Македонија.

Тие забелешки беа 120 страници, значи истите беа доставени дента по таа причина имавме и долг ден 6 часа разговаравме на тие. Она што можеме да го заклучиме е тој закон најнапред не ги содржи битните елементи кои што треба да ги содржи секој закон. Тој закон има големи правни вакууми, во тој закон не се обработени битни теми кои се однесуваат на односот на полицијата, јавното обвинителство, односот на јавно обвинителство со другите органи итн. Кои се суштествени за понатамошно функционирање на ова и те како важна институција во Република Македонија.

Процесот продолжува, значи денеска ќе ви достават документ, и ние бараме три принципи да бидат почитувани од страна на позицијата во носењето на законот.

Значи првиот принцип е принцип на целосно имплементирање на меѓународни стандарди кои се однесуваат на обвинителството во Република Македонија и обвинителите. Имено при прегледот на предлог законот недостасуваа 12 битни смерници или 12 битни меѓународни постулати, а кои се, ќе бидам многу краток тоа се препораките на Комитет на министри. Значи тоа се колумбиските правила, будимпештеските правила за оваа област како и венецијанските правила кои се однесуваат во вториот дел. А, не се имплементирани во овој закон.

Вториот дел, кој исто така е многу важен, значи при донесување на овој предлог закон од страна на ВМРО, значи и кој бараме како принцип да биде имплементиран во новиот закон е почитување на основните човекови права. Почитувањето на основните човекови права значи е битен елемент од два аспекта. Прво ние бараме оформено одделение, посебно одделение кое ќе ја следи праксата на судот, на Европскиот суд за човекови права и истата ќе ја имплементира во идната работа на јавното обвинителство. Понатака согласно две препораки на Комитет на министри и праксата на судот во Стразбур исто така бараме во делот на доказите со кои располага СЈО да се постапи согласно на овие препораки односно истите докази не можат да служат во понатамошни судски постапки. И бараме да се имплементираат овие препораки во новиот закон за јавно обвинителство.

Понатака исто така сакаме да потенцираме дека бараме третиот принцип значи покрај принципот на имплементација на меѓународните стандарди, покрај принципот на почитување на основните човекови права во законот, ние бараме трет принцип кој сакаме да го прифати за како би можеле да одиме понатака во преговорите. И третиот принцип е независност, неутралност, отчетност, ефикасност и ефективност во борбата со криминал.

Во една држава каде што постои владеење на право значи структурата на обвинителството е хиерархиски поставено, а делотворноста на обвинителството во однос на јавните обвинители е силно поврзано со постоење на отворени линии на овластувања, отчестност, и одговорност.

Јавното обвинителство на Македонија постојано се соочува со предизвикот да одговори соодветно на постојаните промени во општеството. Модалитетите на обвинителството  возаедницата се важни чекори кои ќе ги примениме. Од таа причина ние имаме, со тоа ВМРО-ДПМНЕ бара:

– Избор на Јавниот обвинител по предлог на опозицијата! Решение кое ќе ја ефектуира независноста и неутралноста на Јавното Обвинителство од извршната власт;

– Согласно принципот на отчетност Специјалното обвинителство да ги доврши  започнатите судски предмети кои се поднесени до 30 Јуни 2017 година и согласно со законот да престане да ја извршува функцијата сегашниот персоналниот состав на ова обвинителство, како и да се формира Анкетна комисија која ќе ја оцени неговата работа од страна на Собранието на Република Македонија. Oва е многу битно и сакам да потенцирам дека во работата на Јавното обвинителство имаме донации од страна на странски држави. Тие странски држави еден ден ќе прашаат каде се отидени нивните пари, парламентите на нивните како например како што знам и колку е познато во работата на Специјалното јавно обвинителство се инвестирани два милиони евра. Единствен начин најдобро да се види како се потрошени овие пари е со формирање на  Анкетна комисија од страна на Парламентот на Република Македонија и увид во работата на специјалното јавно обвинителство во изминатиот период.

-Согласно принципот на ефикасност и ефективност предлагаме формирање на одделение во рамките на Специјалното јавно  обвинителство, одделение во рамкиките на Јавното обвинителство за организиран криминал како специјално јавно обвинителство и предлагаме  за проширување на делокругот  на предметите, поготово оние предмети кои во минатото беа покриени со рзлични афери и отварање на овој корпус на предмети од страна на нов јавен специјален обвинител.

Со тоа ВМРО-ДПМНЕ, со предлогот на овие принципи, кои треба да се мисла водилка стои на располагање, во делот на кој се однесува на соработка за изготвување на новиот закон за Јавно обвинителство. Сакам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ согласно и документот е првата партија во Република Македонија  која се залагаше за евроинтеграции и има сериозна намера, доколку постои сериозна намера од страна на позицијата во овој закон доколку се прифата овие принципи да партиципира активно.

Поврзани вести