Или ќе продолжи Заевизмот и криминалот и нечесноста која тој ја носи, или ќе се спротивставиме и ќе покажеме дека може поинаку

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со граѓаните и членовите на Општинскиот комите на ВМРО-ДПМНЕ Кичево.

Пред присутните Мицкоски истакна дека граѓаните се соочуваат со големи неправди и криминал кои што го прави Зоран Заев и владата на СДСМ. Односно како што рече тој ќе поминат многу години и ќе си го поставиме прашањето што всушност сме направиле ние за да го спречиме ова.

Доста е од нечеститоста на власта. Овие избори сега се клучен показател за тоа каква Македонија сакаме. Или ќе продолжи Заевизмот и криминалот и нечесноста која тој ја носи, или ќе се спротивставиме и ќе покажеме дека може поинаку, честито, одговорно и носејќи правда. Затоа ова е огромна шанса и можеби друга ваква прилика за ставање на работите на вистинскиот колосек можеби ќе нема. Ќе поминат години од сега и тогаш ќе си го поставите прашањето што направивме  за нашата иднина. Одговорот на ова прашање се дава денес кога треба да се определите на овие претседателски избори, кажа Мицкоски.

Тој посочи дека со владата на СДСМ секој ден е нова борба за граѓаните на Република Македонија, истакнувајќи дека и покрај тоа што Зоран Заев сака да ги демотивира граѓаните се со цел да ја прифатат лошата реалност, тоа не смеат да го прифатат, односно како што рече тој мора да се борат за да го поразат заевизмот.

Ова е борба против неправдата, борба за честитоста и за иднината на нашата Македонија. Имаме план и знаеме како, и знаеме дека оваа власт не ја бива и нема да биде подобро. Затоа ќе ги смениме овие работи. Изборите се таа шанса за Македонија, вели Мицкоски.

 

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...