Трипуновски во посета на земјоделците на Карбинци: Повеќе од очигледно е незадоволството на земјоделците за погубните политики на СДСМ

Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ вчера беше во работна посета на земјоделците од Карбинци кои го изразија своето незадоволство од работењето на СДСМ.

-Денеска на барање на земјоделците од општина Карбинци остварив средба на која што разговаравме за актуелните состојби во земјоделството. Повеќе од очигледно беше незадоволството на земјоделците за погубните политики на СДСМ и односот кон земјоделците. Тотална незаинтересираност на ресорното министерство за проблемите кои ги мачат овие вредни и чесни луѓе. На состанокот ме информираа дека не им е исплатено млекото од локалната млекара и субвенциите за него, ниската откупна цена на јагнето, неинвестирањето во ситемите за наводнување. Едноставно се оставени сами да се снаоѓаат со проблемите и маките.
Но, доаѓаат светли денови за македонскиот земјоделец бидејќи се гледа крајот на погубните политики на СДСМ, стои во неговиот статус на Фејсбук.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...