Мицкоски заедно со Силјановска Давкова,  во Брисел остварија средба Едвард Кукан и Маријана Петир

Соопштение до јавноста

Почитувани,

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес (20 март 2019-та година) заедно со кандидатот за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова,  во Брисел остварија средба со европратеникот и известувач во Европскиот Парламент за Република Македонија Едвард Кукан и со европратеничката Маријана Петир.

На средбата од страна на претседателот Мицкоски беше посочено дека во Република Македонија е загрозена правната држава и владеењето на правото и дека се соочува земјата со широко распространета појава на корупција што е и нотирано во релевантни извештаи на меѓународни организации.

Политичкиот прогон и злоупотребата на апаратите на државата за пресметка со опозицијата станува основа на политичкото делување на власта. Од друга страна имаме назадување со почитувањето на човековите права и отсуство на волја да се работи на воспоставување на трајни механизми за борба против криминалот. Додека сето ова се случува, имаме целосно назадување на економскиот стандард на граѓаните и широко распространето иселување од земјата што е последицата на штетните политики на Владата, изјави Мицкоски.

Од страна на Гордана Силјановска Давкова беше образложена нејзината заложба за владеење на правото и силна правна држава која ќе мора да ги гарантира човековите права и слободи. Претседателот на државата во таа смисла има важни овластувања кои треба да овозможат заштита на граѓаните и правна сигурност. Несомнено тоа е и важен предуслов за напредок кон европските интеграции што е и наша стратешка цел, посочи Силјановска.

Соговорниците истакнаа дека мошне важен услов кој ќе покаже колку државата е сериозна во намерите кон исполнување на стратешките цели е и начинот на кој ќе помине изборниот период, каде суштински значајно е власта да обезбеди услови за фер и демократско изјаснување на граѓаните. Беа посочени и примери кои покажуваат дека Власта го загрозува демократскиот предизборен амбиент.

Престојот на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски, а во чиј состав е кандидатката за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски продолжува со работа преку учество на политичкото собрание на Европската Народна Партија и остварување на повеќе билатерални средби.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...
Најгоре