Граѓаните се свесни дека СДСМ и Заев ја урнисуваат економијата

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Зоран Заев и СДСМ манипулираат со граѓаните.

Вчера Драган Тевдовски потврди дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ во економијата биле добри. Тоа што сега има странски инвестиции кои ја реинвестирале добивката е резултат на успешните политики на ВМРО-ДПМНЕ во минатото.

Граѓаните се свесни дека СДСМ и Заев ја урнисуваат економијата. За две години колку што се на власт долгот е зголемен за  над половина милијарди евра.

Граѓаните се се посиромашни. Зоран Заев и неговата криминална влада мора да си одат. Победата на претседателските избори на Гордана Силјановска Давкова ќе биде гласило за распишување на предвремени парламентарни избори.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...
Најгоре