Заев и власта ги знаат пресудите и казните кои ќе бидат изречени уште пред и официјално да бидат прочитани

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на изјавата  на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Случајот 27-ми април е политички монтиран процес. Власта врши политички прогон и ги шиканира неосновано обвинетите, доказ за тоа е и неоснованото апсење на Митко Чавков и негово приведување непосредно пред да биде изречена пресудата.

Јавноста е сведок на удбашки методи, какви што имало во периодот на Информбирото.

Заев и власта ги знаат пресудите и казните кои ќе бидат изречени уште пред и официјално да бидат прочитани.

Нехуманиот и потценувачки третман стана пракса во затворите, а притворениците наместо грижа за нивната безбедност од затворската  управа се соочуваат со опасност по нивното здравје.

СДСМ и Заев ја погребаа правната држава. Уставот и законите не се почитуваат и се суспендирани. СДСМ и Заев мора да си одат. Владеењето на правото повторно мора да стане пракса.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре