Венко Филипче наместо терапија за ретките болести набавува 150.000 кондоми и 80.000 лубриканти

Интегрален текст од изјава за медиуми на Маја Славева

Почитувани,

Министерот за здравство Венко Филипче наместо терапија за ретките болести набавува 150.000 кондоми и 80.000 лубриканти! Пред само неколку месеци, во октомври, владата набави 20.000 шишиња лубриканти. Сега преку министерството за здравство се набавуваат ни помалку ни повеќе 80.000 шишиња подмачкувачи.

Цената која што сега Филипче ќе ја плати за кондомите „со номинален дијаметар 54-56 мм подмачкани со лубриканти, без мирис, без вкус и без боја“ се уште не е наведена. Понудата сеуште се чека.

Ако во октомври владата набавила 20.000 шишиња лубриканти за невладино здружение  „Егал“, за кого и за што ли му требаат на Филипче набавува 80.000 лубриканти и 150.000 кондоми?

Почитувани, здравството е во колапс, граѓаните се оставени да се снаоѓаат кој како знае, нема грижа за децата, нема грижа за возрасните, нема лекови за хронично болните и за лица со ретки болести, нема доктори, скандали секојдневно го тресат здравството.

Но, Филипче и оваа власт се грижат само за лубриканти и кондоми. Ваква неодговорност, вакво самоволие и бесчуствителност е незапаметена.

Филипче треба да даде одговор за сите скандали кои го тресат здравствениот систем, а на интервјуа не споредува со земји членки на ЕУ од кои сме светлосни години далеку.

Министерот освен што допринесе да паднеме на дното на извештајот за „Најздрави нации во светот“, друго ништо не придонесе. За ова одговорност треба да поднесе пред граѓаните и неговиот шеф Заев.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...
Најгоре