Спасовски да одговори дали е способен да ги заштити претседателските кандидати и да обезбеди фер и демократски избори

Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Претседателскиот кандидат на власта во втор обид, Стево Пендаровски се чувствувал небезбеден, обвинува за негово следење како вели веројатно и на неговото семејство. Пендаровски, поранешен полициски функционер, обвинува дека странски служби шетаат и го фотографираат него и неговото семејство. Истото обвинување беше поддржано и од Кирацовски, партиски генерален секретар и шеф на изборниот штаб на Пендаровски. А два дена Оливер Спасовски, вицепремиер, партиски противкандидат на Пендаровски, и воедно министер за внатрешни работи молчи за обвинувањата.

Јавноста мора да знае, дали државата е безбедна, дали Стево Пендаровски е безбеден, дали е следен од странски служби, кои се тие странски служби за кои што посочува Пендаровски? Спасовски е должен да одговори, постои ли безбедносен ризик, точни ли се обвинувањата на Пендаровски, која е таа опозициска партија за која зборува Пендаровски, а се надоврзува Кирацовски?

Почитувани, постои можност и се сомневаме дека ова всушност е основа за следење на опозицијата од страна на власта, свесно се пласира лага за да се отвори истрага со која што би се дозволило следење на противкандидатите.

Ако Пендаровски, кандидат на власта, се чувствува небезбеден сега, како ли треба да се чувствува кандидатот на опозицијата? Какви ли избори најавуваат Пендаровски и Кирацовски? Спасовски мора да каже дали е способен да ги заштити претседателските кандидати и да обезбеди фер и демократски изборен амбиент, односно безбеден и демократски изборен ден.

Ако Пендаровски како кандидат на власта се чувствува небезбеден, како ли треба да се чувствуваат граѓаните, гласачите во Република Македонија? Дали гласачите се небезбедни? Дали и другите кандидати треба да се чувствуваат небезбедно? Спасовски тоа мора да го каже, уште повеќе, доколку изјавите на Пендаровски се шпекулации и манипулација со јавноста заради тоа што е фатен во лага, тоа да биде соопштено.

Алибито на Пендаровски заради неговиот пораз на изборите не смее да биде заевизмот. Жртва не смее да чувството за безбедност, а за тоа да биде обвинета опозицијата, а не власта.

Почитувани,

Токму затоа во Македонија ќе победи правото и правдата, ќе победи Гордана Силјановска Давкова, ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Заевизмот паѓа, победува Честита Македонија!

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...
Најгоре